Сертифицирање на Европски Енергетски Менаџери генерација 2017/18

На 21 Септември 2018 пред учесниците на конференцијата „Македонски Енергетски Ден 2018„ учесниците на обуката за Европски Енергетски Менаџери од генерацијата 2017/18 ги презентираа проектните концепти за енергетска ефикасност што беше последен услов за здобивање на мешународниот сертификат за енергетски менаџер кој го издава Индустриската Стопанска Комора на Нинберг, Германија. Во изминатиот период, заедно со нашиoт партнер Фондацијата Swisscontact, интензивно се зајакнуваа капацитетите за енергетска ефикасност на 5 општини и 2 компании, што резултираше со обучени енергетски менаџери кои денес промовираа 7 развиени енергетски концепти наменети за компаниите и јавните институции како основа за изработка на физибилити студии за ЕСКo моделот. Енергетската ефикасност не само што придонесува кон зголемено користење на обновливи извори на енергија, туку и докажано може да заштеди значителни средства на своите корисници.

Повик за обука за нова генерација Европски Енергетски Менаџери е даден на линкот http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%B...