Обука за работно место во сектор финансии и сметководство

Многу деловни субјекти и организации имаат потреба од вработени кои имаат соодветна обука и искуство во областа на сметководството за да може правилно да управуваат со дејноста и финансиските токови.

Понудената програма за обука овозможува на кандидатите да ги зголемат компетенциите и да бидат обучени за квалификуван сметководител. Практичната обука се реализира од искусен и професионален тренер - овластен сметководител, со работно искуство кое ќе му овозможи на кандидатите да се здобијат со применливи вештини и компетентност за работно место во сектор финансии и сметководство.

КУРС СМЕТКОВОДСТВО
on-line група од 23 Јуни 2021

Цена:15.600,00 ден на 4 месечни рати, 1 рата 3.900,00 ден
(воедно во котизацијата вклучена годишна чланарина 6.150,00 ден. за нови Standard членки во 2021)
термин за настава: понеделник и среда: 17.30 - 19.30 (x 20 предавања)
фонд на часови: 60 / (еден наставен час - 40 минути)

Се работи на компјутери со инсталиран професионален софтвер за сметководство и со реални документи - односно во текот на обуката се води реално сметководство на претпријатие. Обуката се реализира со професионален софтвер за материјално, книговодствено и комерцијално работење. Обуката се реализира дуално, 30-40% теоретска настава, 60-70% практична настава.

пријава на линк >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20%20Obuka%20Prakticn...

повеќе информации и програма на линк >>> http://www.sbch.org.mk/content/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%8...