Практично Сметководство

комплетна дуална обука согласно МСС

Програмата на курсот опфаќа комплетна практична обука за финансиско и материјално сметководство согласно Меѓународните Сметководствени Стандарди (МСС).

Се работи на компјутери со инсталиран професионален софтвер за сметководство и со реални документи - односно во текот на обуката се води реално сметководство на претпријатие. Обуката се реализира со професионален софтвер за материјално, книговодствено и комерцијално работење. Обуката се реализира дуално, 30-40% теоретска настава, 60-70% практична настава. Програмата се реализира во соработка со Агенцијата за Вработување на РСМ која овозможува избор на соодветен кадар и програма за поддршка со активни мерки за вработување во претпријатијата. Надзорот и сертифицирањето според Германските стандарди на дуално образование.

Со успешна реализација на обуката учесниците ќе можат самостојно да водат сметководство на мали и средни претпријатија. Учесниците на обуката можат да бидат почетници со или без предходно формално економско образование, исто така можат да бидат и веќе искусни вработени во оддел за финансии кои имаат потреба за комплетни познавања на сметководствените процедури, тековни законски прописи за самостојно водење на финансиско и материјално сметководство.

На обуката ќе се обработат следните теми:

- компјутерско и класично сметководство

- редослед на сметководственото работење и начините на книжење

- фактурата - основен сметководствен документ, и нивната формална и материјална исправност

- инвентар и биланс во фирми

- материјално сметководство (малопродажба и големопродажба)

- сметки - конта

- набавка-дефинирање на влезни фактури, контирање и книжење

- увоз, девизен извод и утврдување на курсните разлики

- продажба - дефинирање на излезни фактури, контирање и книжење

- амортизација и вредносно усогласување на постојаните средства

- извоз, девизен извод и утврдување на курсните разлики

- изводи

- благајна, патни и материјални трошоци

- евиденција - актива и пасива на биланс на состојба

- подготовка на плати

- ДДВ - законска рамка,составување и пополнување на ДДВ образецот

- периодична и годишна пресметка

- данок на добивка и Данок на вкупен приход

- БУ, БС и ДБ, запознавање, составување на завршната сметка и пополнување на пропишаните обрасци

---------------------------------------------------------------------------------------

Програмата ќе се реализира во вкупно 20 предавања секој вторник и четврток од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје. Пријавување учество на обуката на линкот https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20%20Obuka%20Prakticno%20Smetkovodstvo.doc или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077, 070 223 686. Можност за плаќање на 4 месечни рати. Цена 15.600,00 ден, потврда со уплата на 1 рата 3.900,00 ден. 10% попуст за пријава на два и повеќе учесници.

КОТИЗАЦИЈА: 15.600,00ден.

  1. Четврток, Февруари 6, 2020

    Група Февруари 2020

    Попуст 25% за пријави до 31 Декември 2019 г. - 11.700,00 ден на 3 месечни рати
    Дополнитело 10% попуст за двајца пријавени учесници
    Потврда со уплата на 1 рата 3.900,00 ден.

    Цена од 1.01.2020 г : 15.600,00 ден на 4 месечни рати, 1 рата 3.900,00 ден.

02/06/2020
To event remaining 53 days
Add to Calendar