Закон за Енергетска Ефикасност и Енергетски Менаџмент Системи (EnMS)

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар „Закон за Енергетска Ефикасност и Енергетски Менаџмент Системи (EnMS)„ , кој ќе се организира на 16 Ноември 2019 г.

Согласно Нацрт Законот за Енергетска Ефикасност предложен до Собранието на РСМ првите енергетски контроли во јавниот сектор и големите претпријатија согласно Законот ќе се реализираат до 30 јуни 2020 год. Согласно предложениот Закон предвидена е обврска за спроведување на енергетска контрола од страна на големите претпријатија на секои четири години и глоби доколку контролата не се реализира од овластено лице. Согласно овој закон, лицата од јавниот сектор се должни да определат од редот на своите вработени одговорни лица кои го следат и управуваат со производството и потрошувачката на енергија во зградите и градежните единици во кои вршат активности, како и да ги спроведуваат пропишаните мерки за подобрување на енергетската ефикасност за кои се одговорни.

Енергетските Менаџери вршат супервизија за законски дефинираните национални таргети на заштеда на енергија и функционалност на енергетскиот менаџмент систем со енергетскиот аудит на секои 4 години и предлагаат соодветни мерки и одржливи технички проекти. Компаниите кои имаат воведен сертифициран Енергетски Менаџмент Систем (EnMS) енергетската контрола на секои четири години пропишана со Законот може да ја вршат со обучено лице-енергетски менаџер, вработено во компанијата. Енергетските Менаџери - овластени енергетски контролори на големите претпријатија можат да вршат енергетски контроли и како надворешно ангажирани експерти.

Со воведување на Енергетски Менаџмент Систем (EnMS) - систем за управување со енергијата - преку почитување на процесите и упатствата се остварува целта да се намалат енергетските и економските загуби и други несакани ефекти во тековното работење. Конкретната примена зависи од обемот-големината на организацијата, дејноста, надлежностите за енергетски менаџмент. Оттука произлегува и обемноста на документацијата и потребните ресурси за имплементација на системот за енергетски менаџмент.

Воспоставениот систем за енергетски менаџмент значително ќе влијае врз потрошувачката на енергијата.Подобрувањето на енергетските перформанси може да предизвика брзи бенефити во организацијата. Како последица организацијата има позитивен придонес кон намалување на искористувањето на природните ресурси, што во глобални рамки може да претставува намалување на загадувањето и другите пропратни ефекти.

ЕУРЕМ 2020 - обука за Енергетски Менаџери
http://www.cosmoinnovate.com.mk/obuki/magjunarodniobuki/energetskaefikas...

ЕУРЕМ МК промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs

ПОВИК за ЕУРЕМ 2020
https://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%...

-----------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна и коминтентите од деловниот и јавниот сектор. Котизацијата за учество е со 10% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена на линкот „СНИМИ ПРИЛОГ„ или http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20za%20Energetski%20Menagment%20Sistemi%20-%2016%20Noemvri%202019.doc , која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/223 686

КОТИЗАЦИЈА: 3.850,00ден.

  1. Сабота, Ноември 16, 2019

    Теми кои ќе се обработат на семинарот:

    1. Енергетско планирање

    - енергетски преглед (аудит)
    - анализа на податоци
    - утврдување на реална состојба
    - можности за надградба
    - мерење и верификација на резултатите

    2. Енергетски Аудит на резиденцијални и административни згради согласно ЕУ директива 2012/27/EU

    3. Дискусија по Нацрт Законот за Енергетска Ефикасност по односн на задолжителите енергетски контроли и обврските за примена на технологија за енергетска ефикансот во проекти за Одржливи енергетски згради:
    · соларни панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објектот кои во текот на денот и соларно зрачење овозможуваат овој „одржлив енергетски објект„ да биде и потполно енергетски независен.
    · системи за соларно засенчување
    · соларен систем составен од соларни колектори и бафер
    · контролиран механички систем за вентилација
    · геотермална/воздух-воздух топлотна пумпа