Седница на Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК

О Т В О Р Е Н А П О К А Н А

за учество на

Седница на Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК

во петок 12 Јануари 2018 год.

Почеток: 17.30 часот

Скопје

за утврдување програма на активности во 2018 год.

Согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Фонацијата Swiss Contact, координацијата со канцеларијата на ITA (Italian Trade Agency) и поддршката од економските канцеларии на Амбасадите на Република Словенија и Република Црна Гора, како и координацијата со советниците во Владата на РМ за регионални проекти и енергетика , како и остварените координации со Град Скопје, Општините Битола, Кочани, Ѓорче Петров, Гази Баба, Аеродром за локални проекти ЕУРЕМ МК подготвува програма на активности во 2018 за која е потребна поддршка од членовите - сертифицирани Европски Енергетски Менаџери во делот на проектирање, како и претпријатија и организација за изведба на проектите.

Основа за планираните активности е „Оперативната програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавната администрација„ усвоена на предходната седница, а изработена согласно согласно „Националната програма за енергетска ефикасност во јавни згради„

Пријавување учество на седницата

Поканата за учество на седницата е отворена за сите членови на Здружението ЕУРЕМ МК со уплатена годишна чланарина за 2017 год.

Членови во Здружението ЕУРЕМ МК може да бидат:

- членките на Стопанската Комора на Мал Бизнис кои имаат сертифициран EUREM менаџер
- учесници на тековната ЕУРЕМ обука со обврска во наредните 2 години да бидат EUREM сертифицирани

Забелешка:

На претстојната седницата се поканети за учество и Premium членки на Комората на Мал Бизнис (кои немаат ЕУРЕМ сертификација), а се заинтересирани за учество во ESCO финансираните проекти подготвени за реализација и под надзор од ЕУРЕМ МК здружението.

Пријавувањето учество на седницата се врши со повратен е-маил - испратете име и презиме на учесникот и контакт телефон/е-маил на info@sbch.org.mk

Повеќе информации за пријавување во тековната ЕУРЕМ обука, на тел. 070 271 901 Слободан Софески

Со почит,

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk