Програма за 2018 на Adriatic Business Club

Координација за Италијански Бизнис Форум 19 Февруари 2018 г.

Делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис на 19 Февруари 2018 г. ќе учествува на престојниот Регионален Бизнис Форум - Italy and Balkan Partnership кој има за цел да ја промовира и поттикне економската соработка помеѓу Италија и дел од земјите од западен Балкан (Македонија, Албанија и Косово) со фокус на секторите: инфраструктури, енергија, животна средина и иновации. http://italybalkanpartnership2018.ice.it

Комората на Мал Бизнис ќе промовира проекти за воспоставување мрежа на мали хидроелектрани во Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија на иницијатива на групацијата „Мали Хидроелектрани Западен Балкан„ при Комората. Во координација со членките на Adriatic Business Club членовите на Делегацијата ќе можат да промовираат пред потенцијалните партнери од Италија, Албанија и Косово и други проекти од секторите инфраструктури, енергија, животна средина и иновации.

Иницијативи и предлози за програмата на Делегацијата на Комората на Форумот сите заинтересирани можат да ги предложат во пријавата за учество во Adriatic Business Club - http://www.sbch.org.mk/file/329/download?token=eXMqwcjQ - која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: 070/271-901 (за нови членки на Комората да се пополни и пристапница за зачленување http://www.sbch.org.mk/file/328/download?token=vHxX2HK4)

ПОВИК за учество

Работилница на Adriatic Business Club за утврдување на програма на активности во 2018 год. - 2 Февруари 2018 год. 12.00 часот.

Повикани за учество и соработка со клубот се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловната и техничката соработка помеѓу Република Македонија и земјите од интерес на Adriatic Business Club .

Во 2018 год. се планирани локални и регионални активности за промовирање на ESCO инвеститори во проекти за животна средина и одржлив развој во координација со канцеларијата на Italian Trade Agency во Скопје и мрежата на ITA канцеларии во WB6 земјите. Во соработка со економските канцеларии при Амбасадите на Република Словенија и Република Црна Гора ќе се поддржат проекти за имплементирање на нови одржливи технологии за производство од обновливи извори на енергија. Планирани се проекти за воспоставување мрежа на мали хидроелектрани во Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија на иницијатива на групацијата „Мали Хидроелектрани Западен Балкан„ при Комората на Мал Бизнис.
Повеќе информации за програмата на Adriatic Business Club на линкот http://www.sbch.org.mk/platformi/%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%B0%D1%82%D0...

Најава за учество на состанокот, иницијативи и предлози за програмата на Adriatic Business Club сите заинтересирани можат да ги предложат во пријавата за учество - дадена на линкот за прилог - која ќе ја доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901
(за нови членки на Комората даден е линк и до пристапница за зачленување)

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех

Small Business Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk