Повик за проекти од Информатичка технологија & Интегрирање на процеси и автоматизација

Со цел тестирање на проектот – „Глобална Иновативна Платформа„ Стопанската комора на мал бизнис иницира пилот-проект за прототип на финансирање развој на софтвер за Cloud computing модел на апликации наменети за пазарите на Скандинавија (е-банкарство, туризам, угостителство, менаџмент на настани и едукација) и Германија (интегрирање на процеси и автоматизација).

ПОВИК за пријавување предлог проекти (програми)

Се повикуваат заинтересираните ИКТ start-up и spin-off компании да поднесат конкретни предлог проекти, бизнис концепти и IT технички решенија за Интегрирање на процеси и автоматизација и Индустриски и Услужни Мобилни Апликациии.

Заинтересираните е потребно да испратат портфолио на матичното претпријатие/организација и прилог бизнис предлог (концепт), бизнис план, проектен концепт, инвестициски план/студија за изработка , маркетинг и продажба на производот/услуга, инвестиции во производство, трансфер на технологија, заедничко вложување во проекти, компании или приватно јавно партнерство.

„Глобална Иновативна Платформа„

Согласно Првиот Столб за обезбедување бизнис поддршка на ИКТ компаниите од Акцискиот План на краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017, и Согласно препораките на Краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017 за поддршка на иницијативи за развој на инкубатори и акцелератори на Министерството за Информатичко Општество на РМ подготвен е проект – „Глобална Иновативна Платформа„ за развој и дефинирање на бизнис модел на финансирање со инвестициски фондови и финансиски инструменти на ИКТ start-up и spin-off компании и проекти. Стратешки партнери на Стопанската Комора на Мал Бизнис во проектот: Meta-Group Italy, Majoor Engineeering Management Germany, Xtrovert Media Sweden.

Стопанската комора на мал бизнис на РМ во соработка со интернационалната финансиска групација Meta-Group www.meta-group.com им помага на регионалните јавни организации да дизајнираат, да ги подобрат и имплементираат програмите за поддршка за иновации, претприемништво и трансфер на технологија. Со Германската Majoor Engineeering Management нудиме високо-технолошки експертиза во областа на симулација и моделирање, обработка на информации, електронски дизајн и процесирање на сигнали. Изработка на маркетинг стратегии и планови за продажба, PR и комуникација со клиенти – со Шведската Xtrovert Media http://www.xtrovertmedia.se/

Германски Технички Клуб (програма)
http://www.sbch.org.mk/file/252/download?token=9IEBK0N2

Адриатик Бизнис Клуб (програма)
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Programi%20-%20Adriatik%20Biz...

Интегрирање на Процеси и Автоматизација

- Институт за производствени системи и автоматизација http://www.faps.de/2/home/index.html

Информатичка Технологија

- Програми за поддршка на иновативни проекти- NFFX Business Support Center http://www.n-f-excellence.de/

Вмрежување, извозна поддршка и посредништво

- Германска иницијатива за пронаоѓање добавувачи од Западен Балкан http://www.bme.de/

- Комуникација и PR http://www.xtrovertmedia.se/

- Позиционирање и бизнис промоција

- Воспоставување деловни контакти и посредништво

- Меѓународни извештаи за бонитет на деловни партнери www.mkb.mk

- Кредитно осигурување на извозни побарувања (пред и по испорака) и факторинг (одложено плаќање) www.mbdp.com.mk

- Менаџмент на инвестиции

- Партнерство во EU и Германски развојни фондови

Доставување на проектите

Предлог проектите доставете ги на e-mail info@sbch.org.mk

Контакт телефон: 070 223 686, (02) 244 8077

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk