ЕУРЕМ ОБУКА 2018 - Национална сертификација за Енергетски Менаџери

ЕУРЕМ - EUREM European Energy Manager
ОБУКА 2018

ЕУРЕМ промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs

Национална сертификација за Енергетски Менаџери согласно ЕУ директива 2012/27/EU и Закон за Енергетска Ефикасност на РМ (во подготовка)

Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија
го издава Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken.

http://www.energymanager.eu/, http://mk.eurem.net/

Согласно Акционата Програма за енергетска ефикасност 2017-2018 на ЕУРЕМ МК за Владата на РМ, препораките на ЕУ директивата за енергетска ефикасност - Directive 2012/27/EU http://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=celex%3A32012L0027 за подготовка на Закон за Енергетска Ефикасност на РМ ЕУ сертифицираните национални Енергетските Менаџери се задолжени за енергетски аудит и воспоставување на енергетски менаџмент систем во објектите во експлоатација на државните институции и административни и индустриски објекти на малите и средни претпријатија.

Сертифицирани енергетски менаџери се услов и за учество на претпријатијата во проекти со компоненти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија , а се финансирани од фондовите на ЕУ.

Енергетските Менаџери вршат и супервизија за законски дефинираните национални таргети на заштеда на енергија и функционалност на енергетскиот менаџмент систем со енергетскиот аудит на секои 4 години и предлагаат соодветни мерки и одржливи технички проекти. Националните тергети за енергетска ефикасност се однесуваат на проекти во објектите на државните институции и административни и индустриски објекти на претпријатијата за:

Мерењето на потрошувачката на електрична енергија, природен гас, централно греење/ладење и системи за достава на топла вода

Информативен систем за потрошувачката на енергијата

Проекти за енергетска ефикасност за греење. ладење и климатизирање на објектите

Проекти за енергетска ефикасност во трансформација, пренос и дистрибуција на енергијата вклучувајќи и проекти за производство од обновливи извори на енергија: мали хидроцентрали, соларни панели, когенеративни системи, геотермални топлотни пумпи, пелети (производство) итн.

ОБУКА И СЕРТИФИЦИРАЊЕ

EUROPEAN ENERGY MANAGER - Европски сертифицирана програма на Индустриската Комора на Нинберг

Меѓународно Сертифицирана обука за изработка на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за финансиски линии на EBRD, EIB и KFW (проекти во Македонија и WB6 Западен Балкан)

Европската унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст им додели нови 50 милиони евра за финансирање на енергетски проекти на земјите од Западен Балкан - согласно со зададените цели од т.н. Берлински процес. Финансирањето е потпишано и од Европската Банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Германскиот банкарски концерн KFW. http://www.sbch.org.mk/povici/wb6-business-forum-triesteitaly

Проект на EBRD (Европска Банка за Обнова и Развој) Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme (REEP Plus)
The Regional Energy Efficiency Programme (REEP) aims to unleash the potential for greater use of renewable energy and energy efficiency measures by providing a combination of financing instruments, technical assistance and policy support to create a sustainable market for energy efficiency in the Western Balkans. REEP supports energy efficiency investments in both private and public sectors http://www.wb-reep.org/eng

Проектна финансиска линија на Фондот за зелен раст доделен на Халк Банка Скопје
The Green for Growth Fund (GGF) has lent EUR 10 million to Halkbank Skopje to increase energy efficiency (EE) in Macedonia.The GGF was initiated as a public-private partnership in December 2009 by Germany’s KfW Development Bank and the European Investment Bank, with financial support from the European Commission, the German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development, the European Bank for Reconstruction and Development, and the Austrian development bank OeEB. http://www.halkbank.mk/news-ns_article-ggf-10-mln-eur-loan-boosts-halkba...

EUREM е стандардизирана европска Energy Manager програма за обука, која се состои од курсеви, самостојно учење и практична работа, во комбинација со пристап до Европската мрежа на алумни за континуирана размена на знаења. EUREM Energy Manager концептот веќе е докажан кај персоналот на компании со значителна потрошувачка на енергија, како и кај енергетските консултанти, на кои им овозможува да планираат и имплементираат економски и еколошки ефикасни енергетски решенија за бизнисите. Во просек, секој Energy Manager развива мерки со заштеда од 750 MWh/a за неговата компанија во текот на програмата. Околу 80% од овие мерки се спроведуваат во текот на програмата, а останатите се реализираат подоцна. Поголемиот дел од проектите во компаниите се исплаќаат во рок од две до три години.

Меѓународниот сертификат за European Energy Manager на учесниците на обуката од Македонија го издава Стопанската Комора на Нирнберг - Германија, издаден на германски јазик за употреба во Сојузна Република Германија и на англиски јазик за интернационална употреба.

ПРИЈАВУВАЊЕ

пријавувањето и пополнувањето на групата е ВО ТЕК

група 2018 - почеток Ноември 2018

пријава - http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/prijava%20za%20EUREM%20obuka%...

брошура (.pdf) - http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Flaer%20-%20Energy%20Manager.pdf

По пријавувањето, изборот на кандидатите кои ќе учествуваат во групата го врши Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг. Завршниот сертификат за European Energy Manager го издава Industrie und Nandelskammer Nürnberg für Mittelfranken - Индустриска Стопанска Комора на Нинберг.

За учество во проектот може да се пријават максимум три претставници од една организација.
Вкупниот број учесници е ограничен на 15 кандидати.

НАСТАВА

Обуката се реализира во десет месеци - два пати месечно по еден-три дена (петок-сабота), во мали групи со опуштена атмосфера и вклучени паузи за кафе и освежување.

ПРОГРАМА >> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Programa%20EUREM..doc

ПРОМОЦИЈА НА ЕУРЕМ ПРОЕКТИ

21 Септември 2018 - Македонски енергетски ден 2018 https://goo.gl/E7HcYG

25 Октомври 2018 - Велес

29 Ноември 2018 - Тетово

ЕУРЕМ промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs

ТРОШОЦИ И КОТИЗАЦИЈА

Учесниците самостојно ги покриваат трошоците за наставата, која ќе се реализира во Скопје (160 наставни часа) во вкупна вредност од 66.500,00 денари + 18% ДДВ и завршно тестирање од 6.130,00 денари + 18% ДДВ со можност за плаќање на 10 месечни рати.

Повеќе информации на порталот EUREM MK http://mk.eurem.net

КОСМО Иновативен Центар ја спроведува во Македонија обуката ЕУРЕМ - EUREM European Energy Manager во соработка со Индустриската Стопанска Комора на Нирнберг и Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија.

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР
бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk
www.cosmoinnovate.com.mk