Деловна делегација Словенија 29-30 Ноември 2017

- Повик за учество во Деловна делегација -

Ве повикуваме во име на Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, „Европскиот Институт за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој„ и Здружението на енергетски менаџери ЕУРЕМ МК при Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија за учество во Македонската Делегација на претстојната VIII-ма Меѓународна Конференција на Европски Енергетски Менаџери која ќе се одржи во Љубљана, Словенија од 29-30 Ноември 2017 год.

Приоритетна тема на овогодинашната конференција е: Енергетски Аудит на резиденцијални, деловни (административни) и индустриски објекти и улогата на Енергетските Менаџери согласно ЕУ директива 2012/27/EU. На конференцијата ќе учествуваат околу 200 учесници (енергетски менаџери) од целиот свет со дискусии на актуелни теми и проблеми за енергетска ефикасност во нивните организации како и презентации на примери на реализирани енерегетски ефикасни проекти на тематските работилници на конференцијата. www.eurem-conference.com

Поради позицијата на Словенечкиот партнер и домаќин на конференцијата - Институтот Јожеф Стефан за иницирање регионални проекти во земјите WB6 на Западен Балкан, претстојниот настан е прилика за поддршка и спонзорство од Македонските претставници заинтересирани за партнерства и учество во проектите. Поради тоа во Агендата на Македонската Делегација покрај учество на конференцијата во соработка со Словенечката Амбасада ќе се организираат посета на институции, Стопански Комора и компании на кои ќе се понудат конкретни проекти за соработка.

Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија со проектните партнери ќе потпишат меморандуми за соработка и конзорциуми на партнери за учество на неколку WB6 регионални проекти:

- Студија за одржлива Green IT стратегија за примена на мерки за енергетска ефикасност и создавање на еколошки чисто информатичко општество (Green Society)
- Студија за одржлива технологија на мали-хидро електрани со најмал еколошки и хидролошки импакт на локации на водотеците со пилот проект
- Преокт за поддршка на административните капацитети на Министерствата и други партнери во процесот на прилагодување за формирање Национални Фондови за Енергетска Ефикасност.

За повеќе информации околу Конференцијата и Македонската Делегација ве молиме слободно да не контактирате. Програмата на конференцијата на линкот http://www.energymanager.eu/files/2017/10/Flyer-EUREM-Conference-2017-EN...

Пополнете ја пријавата дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20delovna%20deleg... , и доставете ја на e-mail info@sbch.org.mk

Контакт телефон: 070 271 901, (02) 244 8077

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Германски Технички Клуб
Стопанска Комора на Мал Бизнис

бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk