Работилница „Дуален тренинг со активни мерки за вработување„ 25 Јуни 2019 г.

Ги повикуваме претпријатијата со металопреработувачка дејност и заинтересиран кадар за стручна обука и вработување да учествуваат на работилница „Дуален тренинг со активни мерки за вработување„ која Комората на мал бизнис со Агенцијата за вработување ќе ја одржат на 25 Јуни 2019 г.

Заинтересираните претпријатија за активно учество во програмата предходно во непосредни контакти и состаноци ќе бидат информирани за модуларниот пакет за сертифицирана тренинг теоретска и практична обука во организација на Германски Технички Клуб во Комората на Мал Бизнис. Компаниите можат да обучуваат, квалификуваат и пре-квалификуваат сопствен кадар за дадените програми и да обучат нов кадар кој ќе можат да го вработат. Закажете состанок на тел.075 438 576 или по е-маил info@sbch.org.mk

Програмата вклучува локални курсеви за стручно образование кои се релевантни за локалниот пазар на труд и имаат дуален карактер. Обуките се реализираат дуално:
- теоретската настава во соработка со тренинг провајдер од Стопанската Комора на Мал Бизнис кој ќе обезбеди инструктори со релевантно професионално искуство и ќе реализира обука со соодветни професионални и интерперсонални стандарди
- практичната индустриска настава се реализира во компаниите

Во соработка со Агенцијата за Вработување на РСМ се овозможува избор на соодветен кадар и програма за поддршка со активни мерки за вработување.