Посета на биогас постројката Електро Шари

Претставници на членки на Комората на мал бизнис и учесници на обуката ЕУРЕМ на 7 Јуни 2022 ја посетија биогас постројката Електро Шари која функционира во рамки на компанијата Везе Шари. Во постројката органскиот отпад од производните операции на Везе Шари и другиот земјоделски отпад се користи како суровина за производство на метан-природен гас кој се користи во генератор за производство на електрична енерија. Со брзо растечкиот равзвој на компанијата и согласно позитивните искуства се планира проектирање и изградба на втора постројка и поддршка за споделување пракса на сите заинтерсирани кои планираат користење на природен гас или биогас за производтво на електрична енергија.