АДРИАТИК БИЗНИС КЛУБ организира деловна делегација во ЦРНА ГОРА и АЛБАНИЈА 22-25 СЕПТЕМВРИ 2018

Претставник на Комората на Мал Бизнис на 10 и 11 Август 2018 оствари посета на градовите Будва, Тиват, Подгорица каде со Претседателот на Собранието на Комората на архитекти на Црна Гора се дискутираше за организирање посета на деловна делегација на македонски компании кои се занимаваат со услужни дејности на проектирање, инжинеринг, металопреработувачка и градежништво. Посетени беа објектите на Порто Монтенегро - Тиват, и објекти во градба на Будванската ривиера, како и градилишта во Подгорица. Планирано е делегацијата да ја оствари посетата на 22-23 Септември за време на 40-тиот Меѓународен Саем за градежништво и енергетика во Будва.

Делегацијата ќе присуствува и на промоцијата на ЕУРЕМ програматa во Тирана на 25 септември 2018 од претседателот на EUREM Consortium , D-r Robert Schmidt пред деловната и институционална јавност на град Тирана и Албанија. Воедно ќе се промовира учеството на четири претставници на ЕУРЕМ МК во реализација на првиот циклус на ЕУРЕМ пргорамата во Албанија и регионални проекти иницирани од Комората на Мал Бизнис помеѓу партнерите од Албанија и Црна Гора. Повеќе на линкот http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC...