|
Годишно Собрание 2010 год. на Комората на Мал Бизнис |
|
|
|
|
На седницата одржана на 03.06.2010 год. Собранието на Комората на Мал Бизнис, покрај другите одлуки , ја усвои и програмата за работа за наредната година како и завршната сметка од претходната година. Со посебно внимание присутните членови на собранието се задржаа на предлогот за формирање , во рамките на Комората, Енергетски ефикасен информативен центар со што се заокружува програмата на работа на Комората, што претставува исклучителен придонес во политиките на одржлив развој, не само на ниво на земјата, туку и за глобален развој.
Во вториот дел на Собранието, одржани се презентаци за својот делокруг на работа на фирми-членови на Комората . Презентациите беа дел од Инвестицискиот Б2Б Форум на регионалната конференција за енергетска ефикасност насловена како Енергетски Ефикасни Градби, која беше посетена и промовирана на високо ниво од медиумите.
|
|
Конференција за Енерегетска Ефикасност - Енергетски Ефикасна Градба |
|
|
|
|

Со задоволство информираме дека КОСМО 2010 Конференцијата за Енергетска Ефикасност COSMO 2010 Energy Efficiency Conference (COSMO 2010 EEC) ќе се одржи во Скопје, Македонија на 3 Јуни 2010 година. Овогодинешната конференција е насловена - Енергетски Ефикасна Градба.
|
|
Повеќе...
|
|
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ – перспективи во заштеда на енергија во зградарство |
|
|
|
|
Комората на мал бизнис на 05.03.2010 год беше присутна на Семинарот "Енергетска ефикасност – перспективи на заштеда на енергијата во зградарството", организиран во Сава Центар, Белград, од страна на Xella Srbija d.o.o., а по повод светскиот ден на енергетската ефикасност.
Се водеше расправа за потенцијалите на ЕЕ во високоградбата, на гостите им беа претставени начините на проектирање и изведба, како на нови објекти, така и на реконструкција на постоечките, во согласност со стандардите за енергетско-ефикасна изведба. Покрај потребите на заштеда на енергија, обврска на експертите ќе биде и обезбедувањето на квалитетно и удобно користење на животниот и работен простор.
|
|
Повеќе...
|
|
Посета на институтот за Економски науки - Белград |
|
|
|
|
Комората на мал бизнис на 18.02.2010 год. со посетата на Институтот на економски науки во Белград www.ien.bg.ac.rs оствари уште една значајна меѓународна средба. Оваа институција со високо научно реноме и долгогодишна традиција во економските науки е од посебен интерес за зголемување на комуникативниот потенцијал на фирмите на КМБ во смисла на банкарските системи и инвестиции.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |