|
Работна посета на Црна Гора |
|
|
|
|
Од 29 до 31.08.2010 година, стопанска делегација составена од претставници на компаниите: Филбис, Вако, Турбоинженеринг и претставник на општина Сопиште остварија работна посета на Подгорица и Даниловград, Црна Гора.
Остварена е посета во Подгорица и водени се разговори за унапредување на соработката со Комората на инженери и архитекти и Унијата на претприемачи на Црна Гора. Во Даниловград делегацијата беше примена од претседателот на општина Даниловград со неговите соработници. Покрај стопанственици од општината, во разговорите учество земаа и амбасадорот на Македонија во Црна Гора и амбасадорот на Црна Гора во Македонија. На состанокот се покрена прашањето за збратимување на општина Сопиште од Македонија и општина Даниловград од Црна Гора. |
|
Годишно Собрание 2010 год. на Комората на Мал Бизнис |
|
|
|
|
На седницата одржана на 03.06.2010 год. Собранието на Комората на Мал Бизнис, покрај другите одлуки , ја усвои и програмата за работа за наредната година како и завршната сметка од претходната година. Со посебно внимание присутните членови на собранието се задржаа на предлогот за формирање , во рамките на Комората, Енергетски ефикасен информативен центар со што се заокружува програмата на работа на Комората, што претставува исклучителен придонес во политиките на одржлив развој, не само на ниво на земјата, туку и за глобален развој.
Во вториот дел на Собранието, одржани се презентаци за својот делокруг на работа на фирми-членови на Комората . Презентациите беа дел од Инвестицискиот Б2Б Форум на регионалната конференција за енергетска ефикасност насловена како Енергетски Ефикасни Градби, која беше посетена и промовирана на високо ниво од медиумите.
|
|
Конференција за Енерегетска Ефикасност - Енергетски Ефикасна Градба |
|
|
|
|

Со задоволство информираме дека КОСМО 2010 Конференцијата за Енергетска Ефикасност COSMO 2010 Energy Efficiency Conference (COSMO 2010 EEC) ќе се одржи во Скопје, Македонија на 3 Јуни 2010 година. Овогодинешната конференција е насловена - Енергетски Ефикасна Градба.
|
|
Повеќе...
|
|
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ – перспективи во заштеда на енергија во зградарство |
|
|
|
|
Комората на мал бизнис на 05.03.2010 год беше присутна на Семинарот "Енергетска ефикасност – перспективи на заштеда на енергијата во зградарството", организиран во Сава Центар, Белград, од страна на Xella Srbija d.o.o., а по повод светскиот ден на енергетската ефикасност.
Се водеше расправа за потенцијалите на ЕЕ во високоградбата, на гостите им беа претставени начините на проектирање и изведба, како на нови објекти, така и на реконструкција на постоечките, во согласност со стандардите за енергетско-ефикасна изведба. Покрај потребите на заштеда на енергија, обврска на експертите ќе биде и обезбедувањето на квалитетно и удобно користење на животниот и работен простор.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>
|
|
Лист 1 од 9 |