|
Посета на Регионалната комора во Панчево |
|
|
|
|
Сабота, 10 Октомври 2009 00:00 |
|
Повод за посетата на Комората на мал бизнис на Панчево беше Ргионалната конференција организирана од страна на WIFI-институтот за едукација на Федералната комора на Австрија со претставници на кантонот Сараево, Регионалната комора на Панчево и Белград, Космо иновативен центар и Комората на мал бизнис.
На конференцијата беше разговарано за заедничка соработка во регионот и WIFI -институтот за унапредување и формирање на мрежа на едукативни центри за едукација на малите и средни претпријатија.
Работната посета беше искористена за посета на Регионалниот центар за енергетска ефикасност во Нови Сад каде беа разменети искуства за апликација на фондовите на ЕУ од областа на енергетската ефикасност и други развојни програми наменети за регионот. Во разговорите учествуваше директорот на центарот признат експет Др Гвозденац кој ни пренесе голем број на меѓународни искуства.
Во делегацијата зедоа учество фирмите Вако, Клуч на рака и Космо
|