|
Позадина
За профитабилен и одржливиот развој на градежништвото при градбата е потребна интеграција на еколошки/зелени материјали, имплементација на енергетски ефикасна и обновлива енергија во системи за греење и ладење, природно осветлување, природна вентилација , прецизни мерни уреди, контролни системи и други иновации.
Енергетски ЕФикасната Градба придонесува кон намалување енергетската потрошувачка и загадувањето и придонесува кон зголемување на квалитетот на живеењето.
Иновативната употреба на изолациони градежни материјали, техники на осветлување, енергетски ефикасни прозорци и врати во комбинација со напредни соларни, фотоволтаични системи, напредни сензори и контролни системи за климатизација, енергија од мали когенеративни системи ќе придонесе за драстични промени во проектирањето и градбата на современите станбени и деловни објекти. Новите технологии ќе придонесат новите објекти да трошат многу помалку енергија и истовремено ќе влијаат за намалување на емисијата на ЦО2 и негативното влијание на животната средина.
Цели на конференцијата
Цели на (COSMO 2010 EEC) се:
- забрзување на процесите за имплементацијата на ЕУ стандардите и законската регулатива од областа на енергетската ефикасност
- градење на партнерства за имплементација на новите технологии во енергетски ефикасната градба.
- Едукација на представниците на јавниот сектор и малите и средни претпријатија во насока на одржлив развој, заштита на животната средина и намалување на енергетската потрошувачка.
Програма
На (COSMO 2010 EEC) ќе учествуваат 150 представници од јавниот сектор, мали и средни претпријатија од Република Македонија и регионот, како и експерти од ЕУ. Конференцијата содржи едукативен дел - семинар и Б2Б форум за рамена ма знаење, искуства и идеи за технички, економски и правни теми кои ќе влијаат на иднината на енергетски ефикасната градба.
Работниот дел на Конференцијата ќе се реализира со В-ти Проект Менаџмент Семинар за Енергетски Ефикасни Градби кој ќе ги опфати главните теми за одржлив дизајн на градежни објекти од перспектива на законска регулатива, стандарди, инвестиции и проект менаџмент.
Во програмата на Конференцијата ќе се реализира и IV-ти Интернационален Инвестиционен Б2Б форум кој представува networking настан на компании инволвирани во циклусот на проектирање и градба на објекти вклучувајќи производители на енергетски ефикасни градежни материјали, изолациони материјали за реконструкција на стари градежни објекти, прозорци и врати со високи перформанси на енергетска ефикасност и емергетски ефикасни технички системи.
Кој треба да присуствува:
Претприемачи, инвеститори и останати професионалци заинтересирани за имплементација на стандардите за енергетска ефикасна градба
- Урбани дизајнери, Архитекти, Градежни Инжинери, Проект Менаџери и Специјалисти за недвижности
- Инжинери, научници и истражувачи на нови идеи за одржлив развој и заштита на животната средина
- Представници на локалната самоуправа, јавни установи и институции задолжени за развој и имплементација на стандардите за енергетски ефикасна градба.
Конференцијата ќе се одржи на 3 јуни 2010 година (сабота) со почеток од 12.00 часот, во Хотел Континентал -Скопје ( „Сала за појадок„ на V кат).
Ве молиме доколку имате прашања и предлози да ги доставите на факс: (02) 244 8240 или на е-маил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
, а воедно да го пријавите Вашето присуство најдоцна до 20ти Мај 2010 г. Контакт лице Г-н Слободан Софески тел. 070 271 901.
Пријавете се тука
Повеќе информации на Веб страната
|