|
Комората на мал бизнис на 05.03.2010 год беше присутна на Семинарот "Енергетска ефикасност – перспективи на заштеда на енергијата во зградарството", организиран во Сава Центар, Белград, од страна на Xella Srbija d.o.o., а по повод светскиот ден на енергетската ефикасност.
Се водеше расправа за потенцијалите на ЕЕ во високоградбата, на гостите им беа претставени начините на проектирање и изведба, како на нови објекти, така и на реконструкција на постоечките, во согласност со стандардите за енергетско-ефикасна изведба. Покрај потребите на заштеда на енергија, обврска на експертите ќе биде и обезбедувањето на квалитетно и удобно користење на животниот и работен простор.
На семинарот имаше презентации од страна на експерти од Агенцијата за ЕЕ (Белград) - м-р Бојан Ковачиќ, д-р. Димитрије Лилиќ, од м-р. Бојан Васовиќ, главниот архитект на Белград, од маш. инж. Ранко Божовиќ (Еноплус), советник за биоклиматска оптимизација на познатиот холандски архитект Ремо Колхаас, и од двајца градежни инженери од Чешка (Петр Маречек и Вацлав Ветенгл), кои ги претставија своите искуства од YTONG изведбените активности во Чешка.
Во името на Xella Srbija d.o.o. семинарот го водеше град. инж. Драган Ѓериќ.
Овој настан беше убава прилика Комората да оствари контакти со релеванти субјекти од областа на ЕЕ – фирмите Xella Srbija d.o.o., BEODOM и KNAUF, како и со медиумите (списанието за градежништво на Србија– www.gradjevinarstvo.rs).
Повеќе детали за овој настан - http://ytong.cmass.info/active/sr-latin/home/ytong_novosti/vest/_params/newsplus_news_id/2677.html. |