|
Посета на институтот за Економски науки - Белград |
|
|
|
|
Комората на мал бизнис на 18.02.2010 год. со посетата на Институтот на економски науки во Белград www.ien.bg.ac.rs оствари уште една значајна меѓународна средба. Оваа институција со високо научно реноме и долгогодишна традиција во економските науки е од посебен интерес за зголемување на комуникативниот потенцијал на фирмите на КМБ во смисла на банкарските системи и инвестиции.
Како резултат од оваа средба, во наредниот период ќе се реализираат и зголемат едукативните можности на Комората со експерти на институтот. Исто така, на членките на Комората им се отвараат можности за членство во мрежата на ЕРЕНЕТ.
На средбата учествуваа фирмите ТИМС,ВАКО, ИВ-ДИЗАЈН и КОСМО.
Патувањето во Белград беше искористено за зацврстување на соработката со Агенцијата за енергетска ефикасност во Белград и Машинскиот факулте во Ниш, како и со други фирми во Србија. |