Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Провери е-пошта
Банер
Пријатели
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Добредојдовте на официјалниот веб-сајт на Комора на мал бизнис
Семинар за применета енергетска ефикасност - Macedonian Energy Efficiency Networking Day 2012 PDF Печати Е-пошта

 

Почитувани,


Организаторот „Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија„ Ве повикува да присуствувате на предстојниот Семинар за Применета Енергетска Ефикасност - „Енергетски ефикасно греење и ладење на објекти„ кој ќе се организира во Скопје на 17 Февруари 2012 г.

Овој Семинар за Применета Енергетска Ефикасност еднаш годишно се реализира од 2008 година, а од 2010 година под името Macedonian Energy Efficiency Networking Day во името на Европската Комисија е прогласен за официјален настан - Energy Day - на  Sustainable Energy Europe Campaign www.sustenergy.org

Целите на семинарот се:

- представување на технолошки иновации во производство на опрема за енергетски ефикасно греење и ладење на објекти,

- представување практични и иновативни решенија за имплементација на техничките уреди и системи во функција на енергетски ефикасно искористување на енергијата за греење и ладење на објекти,

- понуда на финансиски инструменти и услуги за финансирање на проекти за производство или имплементација на уреди и системи за енергетски ефикасно греење и ладење на објекти

- презентација на проекти за греење и ладење на објекти со користење на обновливи енергетски извори кои доведуваат до намалување на емисија на штетни гасови

Учесниците на настанот, пред потенцијалните партнери и спонзори, ќе можат да ги промовираат своите проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните фондови за енергетска ефикасност на Европската Комисија  – Intelligent Energy Europe која е дел на CIP - Competitiveness and Innovation Framework Programme.

Стопанската Комора за Мал Бизнис на Македонија ќе ги покани носителите на предлог проектите да се приклучат кон конзорциумот кој ќе аплицира со проекти на отворениот повик на Intelligent Energy Europe за проекти за 2012, со рок на аплицирање до 8 Мај 2012 год.

„The Intelligent Energy – Europe programme„ http://ec.europa.eu/energy/intelligent/ се води од Executive Agency for Competitiveness and Innovation (EACI) во името на Европската Комисија, со цел да се премости јазот помеѓу ЕУ политиките и нивната примена на терен. Од 2008-та,(EACI) има менаџирано повеќе од 400 проекти од Intelligent Energy Europe програмата и има поддржано оснивање на 60 локални или регионални енергетски агенции. Активностите на Intelligent Energy Europe се реализираат и преку ManageEnergy иницијативата и преку Sustainable Energy Europe Campaign.

Настанот ќе се одржи на 17 февруари 2012 година (петок) со почеток од 10.30 часот, во Скопје.

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на апликацијата дадена во прилог која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8240 или на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите - рокот за пријавување е 6 Февруари 2012 г.
Со почит,


Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.sbch.org.mk

 
10 Години комора на инженери и архитекти на Црна Гора PDF Печати Е-пошта

По покана на Комората на инженери и архитекти на Црна Гора на 31.10.2011 год. делегација на Комората за мали бизниси присуствуваше на оваа манифестација по тој повод во Подгорица и Цетиње. На свеченоста покрај Коморите од бившите ЈУ земји и комори од ЕУ, присуствуваше и Комората на инженери и архитекти на Република Словенија со која се воспоставија поблиски контакти за понатамошна соработка.

 

 
Комората на мал бизни на 44 МОС во Целје, Словенија PDF Печати Е-пошта

Членови на Стопанската комора на мал бизнис во делегацијата на Македонија на саемот за мало стопанство во Целје, Словенија. На посетата на стопанствениците од голема помош беше и присуството на амбасадорот на Македонија во Словенија и економскиот советник за Словенија и Хрватска.

 
Македонско-Црно Горски деловен форум 22-23.09.2011 PDF Печати Е-пошта

Во рамките на 33 Меѓународен саем на градежништво во Будва, а во организација на Инженерската комора на Црна Гора, Унијата на претприемачи на Црна Гора и Комората на мал бизнис на 23.09. 2011 во салата за презентации на саемот се одржа деловен форум на трите Комори и други заинтересирани учесници.

Форумот од страната на Комората на мал бизнис го предводеше членот уна управниот одбор Ордан Ристески, а учество со свое излагање на добри практични примери на проекти зедоа фирмите СИЕТО и TermalComfort. На форумот покрај излагањата на фирми од други комори, КОСМО иновативен центар одржа двочасовно предавање од областа на енергетска ефикасност на ниско енергетски градби. Забележително беше учеството на фирни од Р. Албанија, при што се предложи наредниот форум да биде одржан во Тирана на иста тема.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>

Лист 1 од 6
Навигација
Мал бизнис инфо
Банер
Форма за логирање



Спонзори