Реконструкција за одржливи енергетски објекти (резиденцијални и административни)

Приоритетни проекти за реконструкција се резиденцијалните станбени згради и објектите на локалната самоуправа и јавна администрација во „Одржливи Енергетски Објекти„ независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free).

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија, Центарот за финансирање и менторска поддршка и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојната работилница „Реконструкција за одржливи енергетски згради„ , која ќе се организира на 15 Декември 2017 г.

Спонзорство и промоција

Учесниците кои сакаат да учествуваат со промоција на услуги и производи во контекст на темата треба навремено да се пријават - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901

-----------------------------------------------------------

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна и коминтентите од деловниот и јавниот сектор. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена во прилог, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Котизацијата за учество е со 10% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис + 10% попуст за пријавени повеќе учесници.

КОТИЗАЦИЈА: 3.850,00ден.

  1. Петок, Декември 15, 2017

    Теми кои ќе се обработат на семинарот:

    1. Реконструкција за Одржливи енергетски згради

    - основни енергетски концепти
    - финансирање на Енергетски услуги
    - одржлив развој на урбаните средини
    - намалување на емисија на CO2 и PM честички – концепт на Одржливи енергетски згради и ZERO Carbon City

    2. Енергетски Аудит на резиденцијални и административни згради согласно ЕУ директива 2012/27/EU

    3. Технологија имплементирана во Одржливи енергетски згради:
    · соларни панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби на објектот кои во текот на денот и соларно зрачење овозможуваат овој „одржлив енергетски објект„ да биде и потполно енергетски независен. - зелени кровови и вертикални градини за прочистување на воздухот и заштеда на енергија на објектот
    · системи за соларно засенчување
    · соларен систем составен од соларни колектори и бафер
    · контролиран механички систем за вентилација
    · геотермална/воздух-воздух топлотна пумпа